14. Финансиско евидентирање на прием калкулации и/или влезни/ излезни фактури од 1 до 10
15. Слагање на финансиски картици со најмногу два партнера месечно
16. Слагање на финансовата со материјалната евиденција што ја води клиентот
17. Печатење на спецификација од аналитичка евиденција еднаш месечно
18. Принтање и изработка на компензации со најмногу два партнера месечно
19. Изготвување и обработка на налози за книжење во хартиена односно електронска форма со
примена на програми за книговодсвени услуги
20. Доколку книговодсвената евиденанција на деловните настани се врши во електронска форма
со примена на посебни програмски системи за книговотствена евиденција задолжително треба да
се изврши пренос на книговотствените налози во електронска во хартиена форма.
21. Чување на доверената тековна документација до предавање на годишнта пресметка
Член 3
Утврдените основните критериуми како насока за утврдување на висина на минимални месечни
трошоци за вршење на книговодствени работи се определуваат врз основа на кумулативно
исполнување на пропишани законски и договорни работни задачи наведени во чл.1 од
Правилникот врз основа на остварениот годишен вкупен деловен приход на корисниците на
услугите. Финансиските приходи не се земени во предвид при утврдување на овој критериум.
1. Кај профитните субјекти се зема во предвид податокот кој се искажува на АОП 201 од
Билансот на успех без финансиските приходи кои се искажуваат на АОП 223 ;
2. Кај вршителите на самостојна дејност се зема во предвид приходите од самостојна дејност,
член 28 од Законот за персонален данок од доход, приходите од вршење на професионални и други
интелектуални услуги, приходи од земјоделска дејност и други дејности, приходите од стопанска
дејност, услужна, трговска, угостителска, превозничка и др. слични дејности;
3. Кај непрофитните организации се зема во предвид приходот според член 13 од Законот за
непрофитните организации (модифицирано настанување на деловните трансакции) и
признавањето на приходите кои се признаваат во пресметковниот период во кој што настанале
според критериумот на мерливост и расположивост.
4. За субјектите корисници на книговодствени односно сметководствени услуги кои подолг
временски период се во процес на инвестицирање и немаат остварени приходи приоритетни при
определување на надоместок за вршење книговодствени и/или сметководствени услуги, ќе треба
да се имаат во предвид останатите критериуми, при што треба да преовладува критериумот на
влезни трошоци и износот на годишната инвестиција.
5. За субјектите корисници на книговодствени односно сметководствени услуги кои подолг
временски период се во процес на инвестицирање и немаат остварени приходи ќе треба да се
имаат во предвид останатите критериуми, при што треба да преовладува критериумот на влезни
трошоци и износот на годишната инвестиција.
6. Сите кумулативните критериуми се земени во предвид за деловната 2017 година со можна
отстапка од 10% +/-.
7. Доколу утврдениот месечен надоместокот согласно овој правилник во пресметковната година
значително отсатапуваат од остварениот деловен приход наведен во чл.3 став 1,2 и 3 , давателот на